Свет

Украина: Одложено формирањето на владата

Украина: Одложено формирањето на владата

Украинскиот парламент, кој денеска би требало да именува премиер и преодна влада, ја поместил седницата за в четврток за да може да се добие повеќе време за консултации.

„Гласањето за владата за национално единства ќе биде во четврток“, рекол Олександер Турчинов, кој привремено е вршител на функцијата претседател на Украина.

Тој треба да формира влада само неколку дена откако од власта беше симнат претседателот Виктор Јанукович. Веќе и започна кампањата за претседателските избори кои што се закажани за 25-ти мај. Украинската Централна избори комисија утрово го објавила календарот на изборите според кои кандидатите можат до четврти април да се регистрираат.

За тоа време трае битката околу влијанието над Украина, меѓу Русија, која се заканува дека ќе ја повлече поддршката на Украина и го оспорува легитимитетот на преодната проевропска власт, и ЕУ која сака да ја врати Украина на „својата патека“.