Украина: Опозицијата смета дека не е доволна само оставката на премиерот Азаров

Украинската опозициска партија „Удар“ смета дека не е доволна само оставката на премиерот Микола Азаров, пренесе „УНИАН“.

„Не треба да се задоволуваме само со оставката на Азаров. Оставка мора да даде целата Влада. Конечно украинскиот народ ќе биде задоволен тогаш кога во Украина ќе се врати уставот од 2004 година и земјата повторно ќе стане парламентарно-претседателска држава“, изјавил пратеникот од „Удар“ Валериј Пацини.