Свет

Украина: По стапувањето на сила на прекинот на огнот, две лица убиени

Украина: По стапувањето на сила на прекинот на огнот, две лица убиени

Двајца цивили беа убиени минатата ноќ при напад по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Раководителот на проукраинската администрација во Луганск, Генадиј Москал, соопшти дека двајцата цивили загинале нешто по полноќ при напад со ракетен систем „Град“ врз центарот на градот Попасна во Луганската Област.

Украинските власти соопштија дека сите судири на линијата на фронтот запреле околу три часот по локално време (два часот по средноевропско време). Иако и по ова се забележани изолирани инциденти, според Киев, примирјето во целина се почитува.

Договорот за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина стапи во сила синоќа на полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време).