Свет

Украина побара од Русија да го екстрадираат Јанукович

Украина побара од Русија да го екстрадираат Јанукович

Новиот шеф на Украинската служба за безбедност Валентин Наливаиченко (47) побара од Русија да го екстрадира поранешниот претседател Виктор Јанукович кој последен пат бил виден на руска територија.
Тој на прес конференција истакна дека од неговите руски колеги побарал да ја обноват соработката и да го екстрадираат Јанукович и тоа итно.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинскиот параламент е легитимен, но дека сегашниот вршител на должност на шеф на држава не е легитимен, туку единствен легитимен претседател и понатаму е Јанукович.

Тој изјави дека Москва нема да ги признае резултатите од изборите во Украина, ако гласањето се одвива во атмосфера како што владее во моментов.

„Промената на режимот е нужна, но мора да биде спроведена во согласност со уставот,“ изјави Путин.