Украина подготвена да ја нападне Русија!?

Лидерот на украинскиот доброволен баталјон „Дњепро-1“, Јуриј Береза, кој неодамна стана и пратеник во Парламентот, во една емисија изјави дека постојат сили кои се подготвени да ја нападнат Руската Федерација.

„Денеска сме подготвени не само да ја одбраниме Украина и да ја нападнеме Руската Федерација, и во нив да уфрлиме одделенија и групи за саботажа“, изјави Береза.

Тој неодамна беше критикуван во медиумите по извештајот дека побегнал од жестоките борби во близина на градот Иловајска, оставајќи ги своите доброволци. Во тие конфликти украинските сили имале 100=тина жртви.

По емисијата, Береза, сепак се фалел дека „ќе испие пиво во рушевините на Кремљ“, додека по парламентарните избори во состанок со граѓаните изјавил дека има намера да стане нов украински министер за одбрана.

Доброволниот бараљон на Береза има десетина единици кои оваа година се формирале од активисти од Мајдан и ултранационалистите на Десниот сектор. Тие единици, според одредени извештаи, им асистираат на украинските војници во борбите на истокот на земјата примен увајќи сурови методи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.