Свет

Украина, Полска и Литванија со заедничка воена бригада

Украина, Полска и Литванија со заедничка воена бригада

Украина, Полска и Литванија следниот месец би можеле да формираат заедничка воена бригада. Украинската Влада го задолжила министерот за одбрана, Михаил Ковал, да потпише договор со кој ќе се одобри формирање на заедничка бригада. Ковал на 27 мај изјави дека очекува договорот да биде потпишан следниот месец.

Целта поради која ќе се прави оваа бригада е Украина што побрзо да ја доведе својата војска по стандардите на НАТО, учејќи од Полска и Литванија кои се членки на НАТО.

Украинскиот дел на заедничката бригада ќе биде стациониран во западниот дел на Лавов, а бригадата ќе има заеднички задачи и ќе учествува во мировни мисии.

Оваа најава стигнува во моментот на напнатост меѓу Русија и Западот поради кризата во Источна Украина. Полска и Литванија оддамна се заложуваат за блиски војни врски со Украина.

По ова соопштение, официјална Москва изрази загриженост што Украина сака да се приклучи кон НАТО.