Украина преговара за пакет помош со ММФ

Украина чијашто економија е значително ослабена со повеќемесечна политичка криза, моментно преговара со Меѓународниот монетарен фонд за пакет помош во износ од 15 до 20 милијарди долари, изјави денеска украинскиот министер за финансии Олександр Шлапак.

„Успешно се движиме кон заклучокот за програма за помош. Мислам дека би требало да го добиеме она што го бараме, а тоа е сума од 15-20 милијарди долари,“ изјави Шлапак мислечји на актуелните разговори со ММФ.

Говорејќи пред новинарите пред заседувањето на украинската влада, Шлапак порача дека неговото министерство очекува понатамошно успорување и стагнација на економијата на Украина, со проектиран пад за оваа година од три отсто БДП.