Украина прогласи Ден на жалост

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, денеска прогласи Ден на жалост во Украина и порача дека ќе ги казни одговорните за соборувањето на транспортниот воен авион.

Порошенко побара детална анализа за причината што довела до евентуален пропуст во службата за безбедност и навести дека веднаш ќе има отпуштања.

Про руските сепаратисти вчера кај градот Луганск соборија воен транспортен авион, при што загинаа 49 украински војници. Авионот превезувал опрема, храна и војници.