Свет

Украина ја обезбеди доставата на руски гас за престојната зима

Украина ја обезбеди доставата на руски гас за престојната зима

Обезбедена е доставата на руски гас во Украина за следната зима. Претставници на Русија, Европската унија и Украина ја парафираа вчера спогодбата, со која треба да се обезбеди доставување руски гас за Украина во текот на зимскиот период. Тие напоменаа дека документот е рамковен и оти конечниот потпис треба да се стави за една недела, пренесува МИА, повикувајќи се на ТАСС.

Должен сум да нагласам дека со големо задоволство штотуку ја парафиравме спогодбата за гас за зимскиот период. Сите технички детали се усогласени и создадени се рамковни услови. За потврдување и потпишување потребна е посебна процедура, изјави заменик-претседателот на Европската комисија, Марош Шефчович по петчасовните преговори во Брисел.

Русија успеа да го заштити условот цената на гасот за зимскиот период да се опредлеува на три месеци. Украина ќе ги избегне санкциите поради недоволно земени количини на гас, поради тоа што „Газпром“ од своја страна нема го спроведува условот „земи и плати“ во зимскиот период 2015-2016 година, како што беше во претходниот зимски пакет.

Руската страна поради нестабилноста на цената на гасот побра таа да се определува однапред за три месеци, а не за целиот шестмесечен зимски период.

Шефчович изјави дека цената на гасот за Украина со отстапката ќе изнесува 232 долари за илјада кубни метри.

Русија бара и европски гаранции за финансирање на доставките на гас за Украина. Парафираната спогодба предвидува Киев да добие 500 милиони долари од меѓународни финансиски институции во рамки на гаранцијата од ЕУ. Доставките почнуваат на 1 октомври.

Во моментов во подземните складишта за гас во Украина има над пет милијарди кубни метри гас. Земјата минатата зима ја помина со резерви од 16 милијарди кубни метри.