Украина се откажа од организацијата на Евробаскетот во 2015 година

Челниците на Украинската кошаркарска федерација се откажаа од организацијата на Европското првенство во 2015 година. Оваа одлука се должи на длабоката политичка криза во која се најде земјата, и се надеваат дека ќе бидат способни да учествуваат во изборот за домаќинлукот на веќе следното европско првенство кое е на програмата во 2017 година.

„Не можам ни да замислам како би можеле да продолжиме со подготовките за турнирот во вака тешки економски и политички услови. Оваа кризна ситуација од која дел е и Русија со својата агресија кон нас не натера да им се посветиме на приоритетите во овој миг и да го сочуваме нашиот територијален интегритет. Сосема е јасно дека ниту временски, ниту пак финансиски можеме да постигнеме да бидеме подготвени навреме“, изјави директорот на Евробаскетот 2015, Маркијан Лубкивски.
Моментно Франција е најсериозен кандидат за преземање на организацијата на Евробаскетот следната година, а во игра се уште и Грција, Србија, Белгија, Холандија, Германија, Хрватска, Австрија и Чешка.