Свет

Украина: Се’ уште се трага по 312 лица кои исчезнаа за време на протестите

Украина: Се’ уште се трага по 312 лица кои исчезнаа за време на протестите

Во Украина се’ уште се трага по исчезнатите 312 лица за време на протестите во земјата, пренесоа „УНИАН“.

Околу 500 лица се обратиле за помош при пронаоѓањето на своите блиски кои се водат за исчезнати. Се претпоставува дека овие лица исчезнале во периодот од 18 до 24 февруари.

„Овие лица подолго време се водат за исчезнати. Никој од роднините или нивните блиски не знаат каде се и не можат да стапат во контакт со нив“, велат надлежните лица од Украина.