Украина следната недела ќе потпише договор со ЕУ

Украинскиот претседател Порошенко денеска најави дека на 27 јуни ќе биде потпишан Договорот за асоцијација со ЕУ, а дека во следната недела ќе го испрати новиот шеф на дипломатијата во Луксембург за да им го претстави на министрите од Унијата мировниот план за источниот дел од државата.

– Тоа што долго го чекавме ќе се случи следната недела, изјави Порошенко.

Тој денеска го претстави новиот шеф на дипломатијата Павел Климкин. Климкин најави дека приоритети на украинската Влада се мировниот план за исток на Украина и асоцијација со Европската унија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.