Украина со предлог до НАТО за заедничко производство на авион Ан-70

Украина им предлага на држави од НАТО заедничко производство на воено-транспортен авион Ан-70. Тоа го навел на заеднички состанок на работната група Украина-НАТО секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Александар Турчинов, објави МИА.

Според него, реализацијата на проектот за заедничко производство на воено-транспортниот авион Ан-70 може да ги задоволи потребите на државите од Алијансата.

Руски медиуми јавуваат дека претходно проектот бил за заедничко производство на авионот од страна на Украина и Русија. По паѓањето од власт на претседателот Виктор Јанукович, украинско-рускиот проект беше откажан.