Свет

Украина соопшти дека заробила десет руски војници

Украина соопшти дека заробила десет руски војници

Десет припадници на руската 98. Воздушно – десантска дивизија се заробени, објави украинската служба за безбедност (УБС).

Групата е заробена во близина на селото Церкалне, на околу 50 километри југоисточно од Доњецк.

Отворена е истрага по повод илегалниот премин на границата од страна на вооружени руски граѓани, се наведува во соопштението на УБС.

Денеска во Минск е предвидено да се одржи состанок меѓу украинскиот претседател Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин, како и некои високи претставници на ЕУ.