Свет

Украина: Странските набљудувачи на изборите во Донбас прогласени за непожелни

Украина: Странските набљудувачи на изборите во Донбас прогласени за непожелни

Украинските власти објавија список на странски набљудувачи, кои во неделата ги следеле изборите во сепарастичките области во источна Украина и ги прогласи за непожелни во земјата, информираа чешките медиуми.

Како што јави МИА, меѓу 18. лица од Словачка, Бугарија, Италија, Унгарија, Австрија, Грција, Белгија, Србија, Франција и САД, има и тројца Чеси.

Во Извештајот за нивните мисии во Доњецк и Луганск, кои Министерството ги означи за незаконски, набљудувачите се нарекуваат „најодвратни антидемократски политички сили“.

Учеството на овие луѓе во „незаконските процеси на територијата која привремено е контролирана од бандити и странски платеници“, според украинските власти, е недопустливо.

Киев затоа побарал од украинската Служба за контраразузнавање (СБУ) да испита дали нивните активности се во согласност со законите.

Прогласувајќи ги за непожелни лица, украинската дипломатија. за незаконските активности ќе ги информира и владините органи во нивните матични земји.