Украина треба да спроведе референдум за членството во НАТО

За прашањето дали Украина треба да стане членка на НАТО треба да биде спроведен референдум, изјави вчера премиерот на Украина Арсениј Јацењук по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел, јавува ТАСС, пренесува Нетпрес.

– Во согласност со украинската легислатива, ќе мора да одржиме референдум за предложената агенда за членство во НАТО, изјави Јацењук.

Тој исто така напомена дека за влез во НАТО, Украина ќе мора да спроведе низа реформи во однос на безбедноста, политиката, економијата и правосудниот систем за да ги постигне НАТО стандардите.

Тој изјави дека ако народот во Украина се согласи за членството во НАТО во рамки на референдумот, тоа ќе овозможи Киев да побара членство во НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.