Македонија

Украина утре испраќа делегации во Брисел и Москва

Украина утре испраќа делегации во Брисел и Москва

Утре украински делегации ќе заминат на одржување разговори во Брисел и Москва, соопшти премиерот на Украина Николај Азаров, пренесуваат локалните медиуми.

„Утре наша делегација заминува за Брисел и ние ќе ги продолжиме преговорите, кои ќе овозможат да се потпише договор за евроинтеграции при поволни услови за Украина. Овој аранжман беше постигната од претседателот и во моментов се формира делегацијата“, рекол премиерот.

„Паралелно со тоа, исто така утре, за Москва заминува друга делегација, бидејќи ние се стремиме да го зајакнеме нашето стратешко партнерство, ние сакаме да ги продолжиме трговско- економските врски со Русија“, истакнал Азаров.