Украинец загина на автопатот Неготино – Гевгелија

Украинец загина изутринава во тешка сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Неготино-Гевгелија, откако во него удрило возило со српски регистарски таблички.

Несреќата се случила откако возилото кое го управувал украинскиот државјанин излетало од патот, по што тој излегол да побара помош. Во тој момент на него наишол автомобил со српски таблички и го усмртил на лице место.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.