Украинска „Енергија“ ќе вработи 200 лица

Украинската компанија „Енергија“ е новата инвестиција во Македонија за која денеска премиерот Никола Груевски и сопственикот на компанијата Андреј Конашиков потпишаа договор за изградба на нова фабрика.

Со оваа инвестиција, која е вредна 18 милиони евра директно ќе се вработат 150, а индиректно 50 лица.

Почетокот на изградбата на фабриката е предвиден за април, следната година, а фабриката ќе се гради на површина осд 20 илјади квадратни метри во индустриската зона Скопје 2.

Сопственикот Конашков истакна дека со отворањето на фабриката во Македонија ќе ја затвори постоечката во Киев и планира фабриката во Скопје да биде монопол за целиот свет.

Компанијата „Енергија“ се занимава со нови иновативни технологии за прочистување на вода.