Украинска компанија влегува во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на компанијата „Енергија“ од Република Украина.

Компанијата ќе реализира инвестиција во Македонија и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.

По средбата следува потпишување на договорите за реализација на инвестицијата.