Македонија

Украинската амбасада во Македонија: Изборите во Крим се нелегитимни

Украинската амбасада во Македонија: Изборите во Крим се нелегитимни

Министерството за надворешни работи на Украина го осудува одржувањето на изборите за Државниот Совет” во времено окупираната Автономна Република Крим и градот Севастопол, а спроведени од  Руската Федерација, истакнувајќи дека тие се и остануваат составен дел на суверената Украинска држава, опфатени со Уставот и законите на Украина.

 

„Таканаречените “избори”, кои ги одржува Руската Федерација на територијата на нашата држава, се нелегитимни, а нивните резултати од правна и регулаторна гледна точка се неважечки и нема да имаат никакви последици за денешниот  статус на Автономната Република Крим и градот Севастопол во рамките на меѓународно признатите граници на Украина. Сите вклучени во организацијата и одржувањето на “изборите” ќе бидат одговорни согласно важечкото законодавство на Украина. Ја повикуваме меѓународната заедница да го осуди одржувањето од Руската Федерација на таканаречените “избори” во Автономната Република Крим и градот Севастопол. Очекуваме, исто така, дека цивилизираниот свет ќе даде соодветна критика на противправните дејствија на руската окупаторска власт, која го продолжува угнетувањето, дискриминацијата и репресиите против кримските Татари, Украинците и претставниците на другите националности, кои не се помирија и никогаш нема да се помират со окупацијата на АР Крим. Денес постојат голем број на докази и сведоштва, што го потврдуваат прекршувањето од руската страна на превземените меѓународни обврски во областа на човечките права, за што руската страна ќе треба да одговара“ се вели во соопштението на Украинската амбасада во Македонија.