Свет

Украинската криза може да предизвика економски пад во Русија

Украинската криза може да предизвика економски пад во Русија

Кризата во Украина може да предизвика пад од 1,8 отсто на бруто домашниот производ на Русија во 2014 година, пренесе „АФП“, повикувајќи се на пресметки на Светската банка.

Според најлошото сценарио рускиот БДП ќе се намали за 1,8 отсто оваа година и за 2,1 отсто во 2015 година. Во извештајот на Светската банка се вели дека конечниот одраз на украинската криза врз руската економија ќе зависи од враќањето на довербата на бизнисите и потрошувачите и од геополитичките ризици.