Свет

Украинската опозиција бара ограничување на ингеренциите на Јанукович

Украинската опозиција бара ограничување на ингеренциите на Јанукович

Украинската опозиција иницира спроведување на пленарна седница на Врховната Рада, со цел ограничување на ингеренциите на украинскиот претседател Виктор Јанукович, пренесе ИТАР -ТАСС , повикувајќи се на изјава на пратеникот на украинската опозициска партија „Баткивштина“, Александар Турчинов.

Турчинов истакнал дека нема да има напад на Врховната Рада.

„Сакаме да донесеме одлука што ќе го прекине крвопролевањето во земјата, а одлуката што ќе се донесе, ќе се однесува на ингеренциите на претседателот“, изјавил уште Турчинов, повикувајќи ги пратениците од владејачката Партија на регионите да дојдат на седницата.

„Ние ќе им гарантираме безбедност“, додал тој.