Украинската влада тврди дека заронила двајца руски офицери

Украинската Влада соопшти дека во делот од источна Украина, што е под контрола на проруските сепаратисити, нејзините сили заробиле двајца руски офицери, пренесува МИА.

Портпаролот на украинската Армија, Андриј Лисенко биле заробени од припадници на баталјонот од доброволци „Ајдар“ во местото Штастја во близина на линијата на фронот меѓу спротивставените страни.

Според Лисенко, во тек е сослушување на заробените руски офицери.

Баѕалјонот „Ајдар“ на својот Фејсбук профил објави дека офицерите биле ранети и заробени при престрелка во Штастија во текот на вчерашниот ден.

Киев тврди дека на страната на проруските сепаратисит во источна Украниа се борат и голем број руски војници, но официјална Москва ги негира ваквите обвинувања.