Украинската владејачка партија ја повика опозицијата на преговори

Украинската владејачка Партија на регионите ја повика опозицијата на преговори, пренесе „РИА Новости“.

Лидерот на парламентарната група на партијата Александар Ефремов, изјавил дека на плоштадот со демонстрации не можат да бидат решени сериозните прашања и ги повика опозициските политички сили кон дијалог.

Покрај повикот владејачката партија не се откажува од митингот за поддршка на Владата пред парламентот. Според новинарите на митингот на Партијата на регионите учествуваат неколку стотици луѓе во мирна атмосфера.