Украинската војска ги отпочна нападите, убиени се четворица во Краматорск

Најмалку четири луѓе денес се убиени во кога патнички автобус на подрачје на градот Крамотрск на истокот на Украина отвориле оган, соопштиле локалните власти. Во нападот се повредени најмалку пет луѓе, некои и потешко, кои се превезени во локални болници, пренела Итар-Тасс.

Нападот уследил кратко откако претседателот Петро Порошенко прогласил крај на прекинот на огнот на истокот на земјата, попрецизно во областа на Доњецк и Луганск.

Едностраното примирје во Украина истече ноќеска, а за цел имало да им пружи шанса на проруските сили да се разоружаат и да започнат мировен процес.

Проруските сили, меѓутоа, не се разоружаа, заради несогласување околу барањата на украинскиот претседател да ги предадат клучните премини со Русија и да дозволат меѓународно надгледување на примирјето.