Украинската војска го опколи градот Мариопољ

Градот Мариопољ кој беше под контрола на проруските сили утринава е опколен од украинската војска, соопшти министерот за внатрашни работи на Украина Арсен Аваков на својот фејсбук профил.

Информацијата ја потврдија и проруските сили кои наведоа дека во тек се борби и дека  петмина нивни борци се убиени.