Свет

Украинската војска се подготвува за преземање на Доњецк

Украинската војска се подготвува за преземање на Доњецк

Безбедносите сили на Киев засега го отцепиле едното главно жаритше од Доњецк од второто во Лугански, соопштува портпаролот на украинската војска, а пренесува „Ројтерс“.

„Силите за антитерористички операции се подготвуваат за завршната фаза од ослободување на Доњецк. Нашите сили во целост го отсекоа Доњецк од Луганск. Работиме на ослободување на двата града, но подобро е прво да го ослободиме Доњецк, тоа е поважно“, вели Лисенко.

Борбите во Доњецк станаа пожестоки во текот на вчерашниот ден, по што владините сили продолжиле кон штабот на проруските сили кои се повлекле поради понудата на безусловно примирје кое било најавено во саботата.