Украински банки, телекомуникации и енергетски компании погодени од масивен хакерски напад, владините системи исклучени

Украина во вторникот е погодена од масивен кибернетички напад насочен кон бројни банки, компании, како и најголемиот аеродром крај престолнината Кеив, а медиумите јавуваат и дека компјутерските системи во владините институции, исто така, се вон употреба. Истворемено и во Русија беше известено за хакерски напад врз енергетскиот и финансискиот сектор.

„Се чини оти нашата мрежа е турната, доколку пребарате. Иста слика се јавува на сите компјутерски екрани“, напиша на Facebook вицепремиерот Павлo Розенко.

hak„Компјутерите не функционираат во владините згради“, изјавиле функционери во Киев за агенцијата Интерфакс Украина. Безбедносни извори рекле дека разузнавањето истражува можен кибернетички напад.

Истовремено руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на компанијата Group-IB специјализирана за рано предупредување од кибернетички закани изести дека вирусот за изнудување познат како „Petya“ бил причината за масивниот напад врз нафтени, телекомуникациски и финансиски компании во Русија и во Украина.

„Причината за големиот напад врз нафтени, телекомуникациски и финансиски институции во Русија и во Украина е вирусот за кодирање Petya. Тој ги блокира компјутерите и бара за одблокирање 300 американски долари во биткоини. Нападот се случи околу 14 часот (по локално време). Судејќи според фотографиите, станува збор за ткн криптолокер Petya. Неговот метод на ширење преку локалните мрежи е сличен на вирусот WannaCry“, кој претходно годианва беше изведен за масивен напад во стотици земји во светот, изјавиле од Group-IB.

Според споменатата компанија, меѓу жртвите на кибернетичкиот напад во Русија биле компјутерските мрежи на руските нафтени гиганти „Башнефт“ и „Роснефт“, како и украинските компании „Запорожјеобленерго“, „Днепроенерго“ и „Днепровски електроенергетски систем“.

Погодени од нападот биле финансиските компании „Mondelez International“, „Ошчадбанк“, „Mars“, „Нова Пошта“, „Приватбанк“ како и „Nivea“ и TESA и други во Украина. На хакерски напад бил подложен системот и на метрото во Киев,аеродромот „Бориспол“, владините компјутерски системи во Украина, трговскиот центар „Ашан“, и украинските телекомуникациски оператори „Киевстар“, „LifeCell“, „УкрТелеКом“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.