Украинскиот министер за одбрана вети победа на Крим

Новиот украински министер за одбрана Валериј Хелетеј ветил дека армијата ќе го превземе Крим, и ќе го обнови територијалниот интегритет на земјата.

Обраќајки се на парламентот во Киев, тој рекол: „ Ќе има победничја парада во укаринскиот Севастопол“.

Неговата забелешка во парламентот била дочекана со аплауз.

Хелетеј бил избран во парламентот на Украина, по препорака на претседателот Порошенко, како човек кој деноноќно ќе работи на обновување на воените капацитети на вооружените сили на земјата.

Откако повторно ја реактивираа „антитерористичката операција, најмалку петмина владини војници се убиени.

Продолжува владината офанзива против проруските сепаратисти на истокот од Украина.