Свет

Украинскиот премиер Јацењук поднесе оставка

Украинскиот премиер Јацењук поднесе оставка

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук поднесе оставка поради распаѓањето на владејачката коалиција и блокирањето на владините иницијативи.

„Во врска со распадот на парламентарната коалиција, како и со неприфаќањето на неколку важни предлог-закони, ја соопштувам својата оставка“, рекол Јаценјук во Парламентот.

„Тоа што се случи денеска во Собранието ќе има многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Да даде Господ да грешам!“, додал премиерот во оставка.

Оставката на премиерот автоматски значи оставка на целиот состав на Владата, но актуелниот министерски кабинет ќе продолжи да работи до формирање на новата коалиција.