Украинските сили спречија заземање на граничен пункт со Русија

Околу 40 вооружени мажи од украинска територија извршија напад и се обидоа да заземат пункт на границата со Русија, но биле спречени во тоа од страна на припадници на безбедносните сили на Украина.

Претставник на украинската пограничната служба информира дека напаѓачите пристигнале на пункт „Изварино“, во источната област Луганск, со два минибуси, со цел да минат од Украина во Русија.

Тие излегле од возилата, го опколиле пунктот и ги насочиле автоматите кон граничарите со барање да го предадат оружјето. Граничарите го одбиле тоа барање и отвориле оган кон нив. Напаѓачите возвратиле со молотови коктели, по што избегале.

Претставник на на проруските сепартисти соопшти дека активисти на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ вчера ја презеле зградата на телевизијата „Донбас“ во Доњецк.

Непознати лица вчера исто така го зазедоа и Градскиот совет во Авдеевка во Доњецката област. Засега напаѓачите не поставиле барања и нема информации за настрадани лица.