Украинските тајкуни мост кон Русија?

Новото украинско раководство неочекувано ги повика олигарсите на помош, а дел од нив ги постави за гувернери на источните области во кои постои силна поврзаност со Русија.

Со своето богатство, влијанието и сопствен интерес за спречување на понатамошни судири тајкуните би можеле да бидат клучни за смирување на тензиите и одржување на контролата на украинските власти во областите каде што проруските активисти поттикнуваат сепаратистички идеали.

Одлуката најбогатите луѓе во земјата да се именуваат за гувернери на регионите со себе носи поголем ризик, а некои веруваат дека олигарсите можат да ги зацврстат своите положби и ги користат за лична добивка.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.