Украинските власти и руските сепаратисти договорија ново примирје

Ново примирје е договорено синоќа меѓу украинските власти и проруските сепаратисти од реонот на Донбас.

Прекинот на огност стапил веднаш во сила, а следи само два дена по пристигнувањето во Киев на претставникот на рускиот претседател Владимир Путин, Борис Гризлов, кој е поранешен претседател на Државната дума и министер за внатрешни работи на Русија.

Претходниот прекин на огнот, договрен кон крајот на минатиот месец, придонесе за значително намалување на судирите во источниот дел на Украина, но од почетокот на годинава зачестија прекршувањата на примирјето со спорадични престрелки, во кои загинаа најмалку пет лица.

Новото примирје е во рамки на договорот во одржување нова рунда преговори меѓу двете страни во Минск, под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Украинските претставници и ОБСЕ соопштија дека примирјето е постигнато со посредништво на Гризлов.

– Рускиот претставник Борис Гризлов предложи да се прогласи прекин на огнот, што беше и прифатено, изјави претставникот на ОБСЕ, Мартин Сајдик.

Од почетокот на судирите во април 2014 година меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, кои според Киев и Западот имаат поддршка од Москва, загинаа повеќе од 9.000 лица.