Украинските војници се предаваат и повлекуваат од Дебалцево

Стотици украински војници им се предаваат на проруските сили во источниот украински град Дебалцево, соопшти денеска прес службата на проруските сили ДАН.

– Во Дебалцево има масовно предавање на оружјето на украинските сили. Ги има на стотици, рече Максим Лешченко, претставник на проруските сили, пренесуваат британските медиуми.

Владините сили денеска почнаа со повлекување од градот Дебалцево, клучниот железнички јазол, рече командантот на провладините единици Семен Семенченко.

-Повлекувањето на силите од Дебалцево се одвива според планот и организирано, рече Семенченко, кој додаде дека „непријателот настојува да им го пресече патот и да го спречи излегувањето на војниците“.

Иако на 15 февруари стапи во сила примирјето, околу градот Дебалцево се водеа жестоки судири меѓу украинските и проруските сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.