Украл дијамант и го заменил за кесичка марихуана

Американецот Волтер Ерл Морисон (20) обвинет е дека украл пакет со дијамант вреден 160.000 долари и потоа го дал на дилер за кесички марихуана, која чинела 20 долари.

Сега веќе поранешниот работник на најголемата компанија за достава на пратки УПС (United parcel Service) на аеродромот во Феникс, наместо пари украл дијамант и го трампал за кесичка марихуана.

Кога разбрал дека наместо пари украл дијамант, Морисон направи нешто што најверојатно никој друг не би го направил: го менувал за кесичка марихуана.

Не е јасно дали на Морисон очајнички му бил потребен џоинт или сакал да се ослободи од дијамантот, но полицијата лесно и брзо го уапсила.

Дијамантот набрзо е вратен на сопственикот, а Морисон е обвинет за кражба.