Украл ловечка пушка, татко му го пријавил во полиција

Кривична пријава е поднесена против дваесет и седумгодишниот Х.И. од Прилеп бидејќи украл ловечка пушка.

Таткото на пријавениот кон крајот на минатата година во полиција доброволно предал ловна пушка – карабин, „Црвена Застава“ кал. 8×57 и пет куршуми, кои  на 19.12.2014 година неговиот син ја украл од куќа на ул. „5-та Прилепска  Бригада“.