И се заканил на вработената дека ќе ја зарази со СИДА, украл пари и вијагра

Непознат сторител синоќа околу 18.30 часот извршил разбојништво над вработена во аптеката „Виола“ во трговскиот центар Буњаковец во Скопје. Разбојникот и се заканил на вработената дека ќе ја зарази со СИДА, при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „Вијагра“.

МВР соопшти дека сторителот кога влегол во аптеката со шприц и се заканил за вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида. Откако ги земал парите,  побарал и таблети вијагра. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална сала.

Се презземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.