Македонија

Улица во Крива Паланка ќе се именува по Горан Илиевски, кој загина во Куманово

Улица во Крива Паланка ќе се именува по Горан Илиевски, кој загина во Куманово

На денешната седница на Советот на општина Крива Паланка беше изгласан предлогот за именување улица во чест на бранителот Горан Илиевски, кој загина во полициската акција во кумановската „Дива населба“.

Иницијативата за именување на дел од улицата Херој Карпош во кривопаланечката населба Бавчалак била поднесена од советничката Соња Мазаковска, а прифатена едногласно од сите советници.

Илиевски, кој по мајка беше со потекло од Крива Паланка, живееше во Гостивар. Во Министерството за внатрешни работи работеше од 2002 година, а загина во акцијата на безбедносните сили во Куманово како припадник на единиците за брзо распоредување.