Улицата Цицо Поповиќ утре без вода

Поради отстранување на појавен дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм, утре од  09:30 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците од  улица Цицо Поповиќ, известува Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.