Улицата Ѓуро Салај во Ѓорче Петров ќе добие нова канализација

Сопствениците на куќите на дел од улицата „Ѓуро Салај“ во општина Ѓорче Петров кои имаа проблем со постоечката стара канализациска мрежа, конечно ќе можат да здивнат. Општината одвои 1,2 милиони денари (речиси 19.500 евра) за реконструкција на мрежата и поставување бетонски цевки со широчина од ф-500.

Работите ќе бидат завршени за 40 дена поради тешкиот терен за работа и подземни инсталации, кои претходно ќе треба да се дислоцираат. Работите ќе ги врши фирмата „Енергомонт“