Улицата Јордан Мијалков и пет скопски села утре без струја

Без струја утре од 8.30 до 11 часот ќе останат корисниците од улицата Јордан Мијалков броевите 62 и 64 како и градилиштето кај Геолошки завод.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8.30 до 14.30 ќе останат корисниците од село Грушино, од 9 до 11 часот корисниците од улицата Цици Поповиќ, од 9 до 14 часот корисниците од улиците Кичевска и Воин Драшковиќ, од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата 1 во село Батинци, како и корисниците од селата Осинчани, Елово и Црн Врв, корисниците од селата Сопиште, Јаболци, Патишка Река, Држилово и рудникот Рудо Проект, од 9.30 до 15 часот дел од корисниците од село Побожје и од 11 до 13 часот корисниците од улицата Светозар Марковиќ.