Улицата Јордан Мијалков, проширена и реконструирана

Улицата Јордан Мијалков, проширена и реконструирана

Градот Скопје денеска официјално ја отвори за сообраќај улицата „Јордан Мијалков“ која изминатиов период се проширување и реконструираше.

Улицата е проширена во должина од 750 метри, а проширувањето е изведено по левата страна, гледано од Мајка Терза кон улицата Павел Шатев.

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска извршија увид на завршените градежни работи.

.premier.jpg-500

ulic

 

premeir-1.jpg-500

– Денеска извршивме увид на завршените градежни работи на улицата „Јордан Мијалков“ која што е дел од еден поголем проект за една нова подобра комуникација помеѓу Карпош и Кисела Вода, проект во кој што влегуваат и подзeмната сообраќајница, односно тунелот кој што треба да се направи од страна на компанијата „Лима“, кои што се во завршна фаза на подготовка на нивните проекти. Тој тунел кој што ќе биде од јужниот булевар, заедно со булевараот „Св. Кирил и Методиј“ и оваа улица ќе претставуваат една целина која што ќе значи многу посериозно, побрзо, поефикасно поврзување, истакна премиерот Груевски.

Додаде дека станува збор за инвестиција од 45 милиони денари, а во склопт на овој проект се предвидени и два кружни тека.

-Се работи за еден мошне сеопфатен план за овој дел од центарот на Скопје кој што ќе го направи протокот на возила многу полесен, побрз, поефикасен и побезбеден за возачите, рече премиерот.