Македонија

Улицата „Јордан Мијалков“ затворена за сообраќај

Улицата „Јордан Мијалков“ затворена за сообраќај
Улицата „Јордан Мијалков“ затворена за сообраќај

Улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“, до понеделник во 7 часот и 30 минути ќе биде затворена за сообраќај поради финално асфалтирање на коловозот.

Прекинот е на делницата од улицата „Герман“ до улицата „Павел Шатев“, поранешна „Бихаќка“.

За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Македонија“.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на регулирањето на сообраќајот од страна на полициските службеници или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај.