ВИДЕО: Улицата Ѓорче Петров блокирана од граѓани изреволтирани од убиството

Улицата Ѓорче Петров на која денеска попладне беше убиено осумнаесетгодишно момче е блокирана од група изреволтирани граѓани.

Според неофицијални информации момчето кое што е убиено, заедно со својот татко се обиделе да го заштитат својот дом од група на момчиња кои влегле во нивниот дом да извршат кражба. Откако момчето и таткото ги фатиле на дело разбојниците, тие почнале да ги бркаат, но во близина на очната болница, крадците со убоди од нож и удари со бејзбол палки го усмртиле на лице место момчето.

Неофицијално убиеното момче е од македонска националност, а напаѓачите се Албанци и истите се откриени и приведени.