Улични борби во Луганс

Во центарот на источниот украински град Луганс се водат улични борби меѓу владините сили и проруските бунтовници.

Луганск, еден од упориштата на проруските бунтовници во Источна Украина, е под контрола на сепаратистите од април.

Вчера биле откриени петнаесет тела на местото на ракетниот напад врз колона бегалци крај градот.

Операцијата за пребарување на тела била прекината поради борбите.

Украинската Влада ги обвини за нападот бунтовниците, додека тие демантираа оти стрелале врз бегалците.