Улиците Тодор Чангов и Ернест Телман ќе добијат канализација

Директорот на ЈП Водовод и Канализација, Бојан Василевски денеска во населбата Лисиче го означи почетокот на градежните работи за изведба на фекалната канализациона мрежа по дел од улиците Тодор Чангов и Ернест Телман.

Имено по дел од улицата Тодор Чангов ќе бидат вградени полиетиленски цевки во должина од 178,7 метри, а по улицата Ернест Телман во должина од 53 метри.

Вкупната должина изнесува 231.7 метри, а вредноста на инвестицијата изнесува 3.504.410 денари.

Рокот за завршување на градежните работи изнесува 50 работни денови.