Уловена ЗЛАТНА РИПКА вредна 100.000 денари

Млад Битолчанец кого сопругата го испратила на Широк Сокак во Битола да купи салата , токму на Широк Сокак го здогледал автомобилот KIA SPORTAGE, кој е поставен пред среќното место на Државна лотарија на Македонија , Вагабонд.

Прекрасниот автомобил го поттикнал  Г. П. од Битола да купи два инстант лоза АВАНТУРА , каде главна премија се десет автомобили KIA SPORTAGE.  Бидејќи овие два лоза му донеле помали парични добивки , добиените пари ги вложил во инстант лозот ЗЛАТНА РИПКА.  На инстант лозот ЗЛАТНА РИПКА добитен за него бил бројот 15, кој му донел добивка од 100.000 денари.

1ripka

Овие млади Битолчани, добитникот и неговата сопруга, денес ги посетија и просториите на Државна лотарија на Македонија , каде и ни ја раскажаа својата приказна. Не се постојани играчи на игрите на среќа, но ете така , од време на време сакаат да си ја пробаат среќата. Овој пат посакале  автомобил , но добиле парична добивка од 100.000 денари. Ни потврдија дека и понатаму ќе трагаат по среќата и по својот автомобил  и ќе ги играат игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

Само за потсетување, ЗЛАТНА РИПКА и АВАНТУРА се двата најнови инстант лозови на Државна лотарија на Македонија , кои се пласирани на пазарот во септември и ноември 2016 година. ЗЛАТНА РИПКА како главна премија нуди 1 000 000  денари но и повеќе други парични добивки , додека пак премијата во АВАНТУРА  се 10 автомобили  KIA SPORTAGE.