Умерен земјотрес го погоди Измир

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во турскиот округ Измир, соопшти турската Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби, пренесе МИА.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал во околината на градот Урла, со жариште на длабочина од 17,6 километри под површината на земјата.