Балкан

Умерен земјотрес го погоди островот Кефалонија

Умерен земјотрес го погоди островот Кефалонија

Земјотрес со итнензитет од  4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран кусо по полноќ во морето северно од гратчето Аргостоли на грчкиот остров Кефалонија, соопшти МИА.

Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, а тој бил почувствуван во градот Патра и во други области на полуостровот Пелопонез, како и на островот Закинтос.

Нема податоци за евентуални жртви или за причинета материјална штета.